Net-a-Porter нуди зимска облека за претстојната сезона

29 октомври 2014

За краток период откако постои спортскиот департмент, според претставниците, секторот успеа да привлече големо внимание и да стекне голема популарност. Секцијата беше лансирана на 9 јули, а на веб страната се појавија 11 категории кои нудат разни парчиња – од тенис до јога. Од парчињата кои се понудени, особено внимание привлекуваат ски колекциите на Фенди, Емилио Пучи, Џими Чу и други, а од 12 јануари на онлајн шопот ќе се продава капсулната колекција од соработката на спортскиот бренд Roxy со House of Holland.

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Тренд