Нов тренд: Фустани со транспарентен долен дел

12 декември 2013

Холивудските девојки започнаа нов моден тренд на кој дефинитивно вреди да му отстапиме место.

Сандра Булок во Каролина Херера на премирата на „Gravity“ во хонг Конг Сандра Булок во Каролина Херера на премирата на „Gravity“ во Хонг Конг

Фустаните со транспарентен долен дел на големо го заземаа своето место на црвениот килим, а негови горди претставнички се актерките како Ејми Адамс и Сандра Булок.

Ејми Адамс во фустан на Давид Кома на премиерата на American Hustle во Лос Анџелес Ејми Адамс во фустан на Давид Кома на премиерата на American Hustle во Лос Анџелес

Покрај нив, ваквите фустани во последно време можеа да се видат и кај голем број трендсетерки ширум светот кои буквално се опседнаа со ваквите фустани.

Фелисити Џонс во Диор на премиерата на „The Invisible Woman“ Фелисити Џонс во Диор на премиерата на „The Invisible Woman“

Ваквите фустани се навистина елегантни и гламурозни, а за да го носите ви треба само малку повеќе храброст. Одлични се за новогодишните забави!

Актерката од „Downton Abbey“ Лаура Карлмајкл во фустан од Ричард Никол Актерката од „Downton Abbey“ Лаура Карлмајкл во фустан од Ричард Никол

Објавено:
12 декември 2013
Категорија: 
Тренд