Поради својата функционалност и удобност, фустаните изработени од лен се вечни фаворити во летниот плакар на жените.
Ленот е совршен одговор на високите летни температури, па поради таа негова карактеристика важи за класика за време на летната сезона.
Помеѓу елеганцијата и тенденциите, фустаните изработени од лен се најчесто во едноставен и универзален дизајн, флексибилни во однос на комбинирањето со остатокот на парчиња од летниот гардеробер.
Моделите на леленени фустани најчесто варираат од такви во минималистички комотен крој со миди или макси должина, до фустани на преклоп со нагласен струк, кошула-фустани или пак такви во сафари стил, на закопчување.
Совршен пар се со сламените шешири и чанти.
Дел од нашите фаворити за ова лето, во продолжение.
Фото: Пинтерест