Лен во пролет и лето – 20 шик комбинации пријатни за високи температури

20 април 2022

Иако овој април повеќе ни донесе зима отколку пролет, ние со нетрпение ги очекуваме сончевите денови кога веќе ќе може да ги прошетаме нашите пролетни комбинации.

А кога сме кај пролетните (воедно и летните комбинации), една незаборавна класика во моден контекст е секогаш пријатниот за носење – лен.

Лесен и природен материјал, што ни обезбедува пријатно чувство дури и кога температурите се екстремно високи, а притоа стилизиран во ултра модерни и женствени комбинации.

Тенденциите оваа сезона наметнуваат чувство на опуштеност и лежерност, но секогаш дозирани со женствена естетика, па меѓу најактуелните парчиња карактеристични за оваа сезона ќе бидат: широките и лелеави фустани, дводелните одела комбинирани со краток топ, фустаните-кошули, „палазо" панталоните... Сите овие тренди парчиња изработени од лен делуваат уште попривлечно.

Покрај неутралните земјени нијанси, оваа сезона парчињата од лен ќе бидат обоени во попвпечатливи тонови како розова, тиркизна, жолта.

Во пролетната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА ќе најдете пракрасни парчиња изработени од лен во неколку интензивни нијанси, како што е еден од најпопуларните модели на кошула-фустани со пресек во делот кај половината. Ова модно парче совршено ќе се вклопи во вашиот пролетно-летен имиџ и во спортска верзија со патики или ниски сандали и во женствена варијанта со високи потпетици.

Направивме една интересна селекција од 20 пролетно-летни комбинации кај кои ленот е во модниот фокус, застапен во неколку различни варијанти.

 

Објавено:
20 април 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.533 пати