Шармантна палета на земјени тонови во новата колекција на Манго

20 март 2019

Од нежни беж нијанси до загасити зелени тонови, во новата пролетна колекција на Манго доминира шармантна палета на земјени бои.

Во оваа линија Манго ни ги носи клучните парчиња за нашата секојдневна, префинета и стилска „униформа": дводелни костими, кошула-фустани, комплети со плетени парчиња, женствени здолништа, мантили...

Истите соодветно се комбинираат и со неутрални и со интензивни нијанси, па ќе наидете на широк избор како да ги споите во вашите секојдневни аутфити.

Изработени се од пријатни материјали како памук, лен и лесни плетенини со богата текстура, за што попријатно чувство во текот на целата сезона.

Фото: Манго

Објавено:
20 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.176 пати