Одберете панталони за вашиот пролетен изглед
•
15 април 2015
Ѕвонести, со машки крој, широки или такви со класична линија и висок струк, панталоните за оваа пролет ги одбираме од широкиот избор на форми и дезени.
Кога се во прашање боите и принтовите, буквално ќе бидат задоволени сите вкусови. Од интензивни и неонски до суптилни и пастелни бои украсени со принтови инспирирани од природата: флорални мотиви, птици, пеперутки, пејсажи...
Одлични верзии понудија и светските дизајнери и уличните брендови карактеристични за нивниот стилски концепт, како Стела Мекартни, Ердем, Миу Миу, H&M, Топшоп, Асос или Манго.