Одела од лен за ова лето – еколошки, модерни и практични

15 јуни 2020

Сите карактеристики на ленот упатуваат на тоа дека овој материјал е совршен за летните парчиња облека, а истовремено ги следи принципите на одржливата мода.

Важи за еколошки и биоразградлив, практичен е и совршено ѝ одговара на нашата кожа, особено во лето, затоа што дозволува лесна циркулација на воздухот.

Неслучајно, голем дел од светските брендови, често го имплементираат во своите летни колекции, а така е и оваа сезона.

Нам оваа летна сезона, во широкиот избор на парчиња од лен, особено ни се допаѓаат дводелните одела што доаѓаат во класична варијанта: блејзер и панталони, но и во алтернативна опција што вклучува и кратки панталони или бермуди.

Најчесто се застапени во беж нијанси, но секако ќе наидете и на исклучоци во пастелни или интензивни бои.

Неколку такви комбинации издвоивме во галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

 

Објавено:
15 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.874 пати
Тагови: 
одела од лен