Отворена е сезоната за омилените џемпери

14 септември 2022

За време на преодната сезона, температурата во текот на денот често варира. Нѐ будат свежи утра, а преку ден станува потопло. Тоа подразбира и потреба од пофлексибилна облека, најчесто искомбинирана во слоеви кои во текот на денот може да ги адаптираме на нашите потреби.

Главна „ѕвезда" во слоевитото облекување карактеристично за транзицијата од лето во есен, е плетениот џемпер за кој постои место во сечиј плакар.

Топли, пријатни за носење, практични, а истовремено во толку широк избор на модели, што може да го носат и главниот стилски акцент во нашиот аутфит.

Ова модно парче, кое веќе ни ја најавува сезоната на топла облека, подеднакво може добра да изгледа имплементирано во елегантни, деловни, спортски, женствени комбинации – затоа што едноставно дозволува лесна стилска трансформација.

Атрактивни се и моделите со пократка должина, исто колку и оние со макси, во деликатни плетки, еднобојни или со пруги.

Одлични прилегаат со едноставна маичка или бела кошула, па се одлична солуција кога немате многу време да размислувате што да облечете за на работа.

Фото: Пинтерест

Објавено:
14 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
975 пати