Ова лето е во знакот на сините нијанси

10 јули 2013

Бојата на хоризонтот, невиноста, морето и небото е идеален избор за летните денови. Модниот  избор е навистина спектакуларен, а спектарот на нијанси и тонови неверојатно богат и раскошен. Модните експерти советуваат изберете да носите сино и нема да погрешите.

 

 

Кога станува збор за сината боја, можеме да констатираме дека ова лето најмногу се носеше кралско сината, тиркизната и светло сината нијанса. Но, и комбинирањето со други бои како на пример со белата се покажа како идеално решение во овие жешки денови. Треба да бидете внимателни во изборот на нијанси на сина боја што сакате да ги комбинирате во вашиот изглед бидејќи се работи за  поспецифичен тон кој не одговара со сечиј стил и физички изглед. Кога е сината боја во прашање едно е сигурно, дека дефинитивно сте го погодиле трендот за ова лето. Изборот на модели и дизајни варира во однос на тоа какви се вашите потреби и барања.

 

Филип Лим

 

Синилото на италијанското море и небото на жешките сицилијански лета, креираат една нова женственост, минимална и еклектичка.  Геометриските кроеви, кој ја следат линијата на телото се карактеристични за палтата на Филип Лим и широките панталони, кои имаат слободен пад во аквамарин нијанса, а ги среќаваме во колекциите на Клое. И двата модела изгледаат како да се украдени од некој машки плакар, а инспирацијата е од стилската икона Грета Гарбо.

 

Клое

 

Актуелноста на андрогениот стил се потврдува и со најпопуларните за оваа сезона „palazzo“ панталоните, кои се во форма на трапез, а се инспирирани од машката долна облека. Поженствена страна нудат дизајните на блузи на Вероника Бранкињо, и фустаните на Алберта Ферети. А Вечерниот изглед би можеле да го зачините со свилен аквамарин фустан на Маркеза,кој ќе ја истакне вашата елеганција и гламур.

 

Алберта Ферети

 

 

Рошас

 

Вероника Бранкињо

 

 

Објавено:
10 јули 2013
Категорија: 
Тренд