Ова лето ќе биде обоено во жолто!

8 јуни 2021

Жолтата е една од боите на годините според Институтот за боја „Пантон“, а и во пракса ќе излезе дека е така.

Пастелните нијанси на жолта посебно доминираат во актуелната сезона и мораме да признаеме дека ни е и нам меѓу омилените бои за претстојните месеци.

Асоцира на позитивност, оптимизам и совршено се вклопува во сончевите денови кои со нетрпение ги очекуваме. 

Како да ја носите?

Овој пат како доминантна естетика се монохроматските нијанси. Комбинациите во жолто од глава до петици се меѓу најчестите кои можат да се сретнат низ улиците, но и излозите на  продавниците.

Но, покрај тоа, совршено се вклопуваат со контрастната виолетова. Потоа, за оние посмелите, комбинациите со портокалова, сина и зелена се исто така привлечни, а белата е сигурен партнер на жолтата за летната естетика.

Одела во жолто, фустанчиња, панталони и топ, очила за сонце? - Може!

А во продолжение следат и повеќе примери:

 

Дел од моделите можете да ги најдете и на онлајн продавницата на Елена Лука.

Објавено:
8 јуни 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.263 пати
Тагови: 
жолта