Ова лето носиме бермуди од утро до вечер

1 јуни 2022

Една тенденција која можеби е најприсутна и најзабелжителна оваа сезона се бермудите.

Многу често комбинирани како алтернатива на дводелниот костум, со сако или блејзер, што ги отвора можностите да ги носите и на работа, доколку работната позиција и амбиентот на работното место ви го дозволува тоа.

Со висок струк, најчесто во поширок крој, со должина малку над или до колена – во основа обезбедуваат пријатно чувство додека ги носите, а притоа се впечатливи и лесни за комбинирање.

Во своите дизајнерски летни колекции свои модели понудија и модните куќи како Монклер и Шанел, а кај „high street" етикетите, палетата е шаренолика.

Складно изгледаат и со елегантни и ленени кошули, но и со краток топ во поопуштени комбинации.

Интересни примери како да ги комбинирате, најдовме низ улиците на модните метрополи.

Фото: Пинтерест

Објавено:
1 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.871 пати