Жешки трендови за мажи

20 мај 2014

Како и секогаш, кога станува збор за актуелните трендови пролет-лето 2014, првенствено целиот фокус и внимание им го посветуваме на дамите. Не дека мажите не се толку комплицирани, меѓутоа женската понуда на тенденции е навистина богата. Сепак, да не се чувствуваат запоставено и припадниците на посилниот пол, денес ќе ви ги откриеме најмодерните и најтренди принтови, кроеви, бои и комбинации за жешката сезона која е во полн ек.

Моќта на цвеќето

Моќта на цвеќето Моќта на цвеќето

Еден од можеби најдоминантните принтови за оваа сезона ќе биде цветниот дезен. Тропските, флорални и егзотични цветови се новата тенденција во машкиот моден свет.

Пастелни бои

Пастелни бои Пастелни бои

Пастелните нијанси делуваат романтично и нежно и затоа многумина мислат дека само припадничките на понежниот пол можат да ги комбинираат во своите модни изразувања. Не е така. Новите меки линии и лежерни кроеви бараат и посветли нијанси на бои. Затоа мажи не срамете се и дозволете да ве поведе романтиката. Која жена не паѓа на маж облечен во светло розова кошула?

50-тите години се повторно ИН!

50-тите години се повторно ИН! 50-тите години се повторно ИН!

Станува збор за можеби најубавите години во модната индустрија, кога конструкциите на кроевите и моделите, како и дизајните и текстурите на материјалите беа совршено сплотени во неверојатни композиции. Модните дизајнерски умови се послужија со креативните 50-ти години и ги модернизираа во современи варијанти на кои нема да им одолеете.

Скејтерски стил

Скејтерски стил Скејтерски стил

Спортскиот стил никогаш не излегува од мода. Модните преференции на мажите во поглед на скејтерскиот стил никогаш не се менуваат, а се и најсигурен моден избор.

Вистински џентлмен

Вистински џентлмен Вистински џентлмен

Модерниот човек треба да знае како да биде и вистински џентлмен, не само во поглед на однесувањето, или бидејќи тоа жените го сакаат, туку и во поглед на стилот. Отменоста и префинетиот изглед се заштитен знак на секој џентлмен, пробајте да ја откриете и почувствувате софистицираноста на оваа модна визија.

Сите нијанси на сино

Сите нијанси на сино Сите нијанси на сино

Сината за мажите секогаш била и ќе биде боја на сезоната. Без разлика дали станува збор за бебешко сина, кралско сина, морнарско сина или темна тегет нијанса, мажите едноставно ја обожаваат. Градацијата на сините тонови нема граници, затоа одберете ја онаа што најмногу ви се допаѓа.

Машки костум со бермуди

Машки костум со бермуди Машки костум со бермуди

Велат дека за вкусовите не се дискутира. Па така е и со овој нов тренд. Факт е дека бермудите како парче облека се мошне комотни и најлесни за комбинирање, но за оваа сезона во една малку поинвентивна верзија. Бермуди во класичен крој, со должина до под колена, во комбинација со кошула, сако и вратоврска. Да, добро чувте бермудите добија елегантно унапредување ова лето. Дали сте храбри да го носите овој тренд?

Макси кошула ин или аут?

Макси кошула ин или аут? Макси кошула ин или аут?

Дамите веќе одамна ги носат макси кошулите, а оваа сезона се чини дека и мажите ќе почнат да ги обожаваат. Вистината е дека мажите во Индија веќе одамна ги носат своите традиционални курти, долги кошули, што всушност послужија и како инспирација на неколкумина дизајнери да ги вметнат во модните визии на мажите, нормално адаптирани во соодветен и современ стилски израз.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Тренд