Наталија Водијанова во едиторијал кој ја открива во поинакво светло

28 ноември 2013

Иако навикнавме да ја гледаме во романтични фустани во пастелни бои и елегантни здолништа, Наталија Водијанова која во моментов е во блажена состојба, во едиторијал за магазинот Madame Figaro  се појавува во за неа нетипично гранџ издание.

Водијанова позира пред објективот на Жан Баптиста Мондина трансформирана во гранџ девојка.  Кожени парчиња  аплицирани со многу нитни, ракавици без прсти, карирани јакни, војнички чизми и машки костум доминираат во изборот на стајлинзи, а заеничко за секој од нив е масивниот накит во метални нијанси.

Објавено:
28 ноември 2013
Категорија: 
Сцена