Пелерината долги години е шик парче што дамите го обожуваат и го комбинираат за разни стајлинзи, а ниту оваа зима не е исклучок.
Асиметричниот крој е она што е најпривлечно кај пелерините, а одлични се и бидејќи можат да се комбинираат за разни прилики и со било кои парчиња.
Истите имаат неодолива ретро нота која вметнува шарм во сите стајлинзи, а потсетува и на златните времиња од Холивуд кога познатите актерки беа вљубени во овие парчиња.
Носете ги со стилска кошулка или џемперче за дневните комбинации или пак со некој фустан или здолниште за посебни прилики.
Грациозноста и елеганцијата се епитети што најчесто му се доделуваат на ова парче, а доколку ја комбинирате со стилски ракавици, елегантна чанта и чевли, тогаш имате полн погодок.
Извор и фото: Modamo.info