„ИТ “ парче за оваа сезона е...

9 септември 2014

Летово тренди беа кафтаните кои одлично се вклопуваа во уживањето на песочните плажи, покрај море со коктел до вас. Но, како есенски пандан на ова летно „ИТ“ парче, се најавуваат пелерините.

Вљубеничките во модните трендови секогаш се во тек со сите новитети, а за оваа есенска сезона, пелерината и пончото повторно се враќаат на голема врата. Барбери први го промовираа оваа парче кое веднаш ги освои симпатиите на девојките ширум светот.

Пелерините се удобни, лежерни и елегантни и даваат софистициран израз на вашите комбинации, без разлика дали се работи за обична комбинација од фармерки и маица или пак класична комбинација. Ефектно парче кое е задолжително за оваа сезона, а во продолжение погледнете ги креациите кои ги нудат неколку модни брендови.

Burberry Prorsum Burberry Prorsum

Зара Зара

H&M H&M

Манго Манго

The Row The Row

 

 

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Тренд