Предлог комбинација за денес

15 октомври 2013

Денешната предлог комбинација е во ретро стил а сепак во тек со актуелните трендови. Доколку сакате да се издвојувате од толпата, а обврските  ви дозволуваат кратко здолниште, тогаш бидете сигурни дека во ваква комбинација ќе изнудите погледи. Сигурно од вашиот гардеробер ќе најдете слични парчиња, а ако не од вашиот тогаш кај вашата мајка ќе пронајдете слични. Што се однесува на боите нека бидат контрастни, а од аксесоари задолжително ставете на главата шеширче, тоа дава посебен печат на денешната комбинација.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Тренд