За некои луѓе, облекувањето е едноставна фаза низ која мора да се помине во текот на секој ден, додека некои луѓе на тоа гледаат како на своевиден ритуал без кој не можат да се замислат себеси.
Едни од тие луѓе се дефинитивно стилските блогери кои што го чекаат секој нов ден за да му ја покажат на светот својата креативна комбинација на која многумина се восхитуваат.
Blair Eadie
За нив, облекувањето не е нешто низ што мора да се помине секој ден, туку нешто на кое што тие целосно му се посветуваат.
Без сомневање, на врвот на светските стилски дами речиси секогаш се наоѓа уредничката на модниот портал Буро 24/7 Мирослава Дума, од чии инспирации буквално живеат огромен број девојки ширум светот.
Miroslava Duma
Она што последно нѐ инспирира од неа се одличните труднички комбинации во кои таа секојдневно ужива и со кои мотивира илјадници мајки ширум светот.
Особено интересна е и фантастичната Тами Макферсон која е луда вљубеничка во колоритната елеганција, класичните палта, беспрекорните фустани и секогаш совршено избраните чанти.
Tamu McPherson
Меѓу најстилските блогери има и неколку момци, кои се вистинско олицетворение на софистицирани мажи со уникатни парчиња комбинирани како ничии други!
Joshua Kiss
Во продолжение, за инспирација погледнете некои од највпечатливите комбинации на овие десет фантастични стилски блогери за кои светот допрва ќе слуша.