Пролетен тренд: Облека со 3D ефект!

22 февруари 2014

Овој интересен пролетен тренд кај облеката зема сѐ поголем замав кај девојките! Предимензионираните украси како цветови на фустаните се сјајна увертира во пролетната модна сезона. Со ваквите парчиња ќе ја разбиете монотонијата во својот плакар, а тоа ќе биде и одличен начин преку кој ќе ја искажете вашата креативност.

Покрај ова, ако сте љубителка на принтовите, а истите веќе ви здодеале, со ваквите додатоци ќе постигнете генијална и свежа комбинација.

Доказа дека оваа идеја е одлична е и пролетната колекција за 2014 на грчката дизајнерка и кралица на принтовите Мери Катранзу, која секако може да ви послужи како инспирација.

Парчињата со 3D ефект се одлично освежување на вашите комбинации и одличен начин за креативно искажување, бидејќи ваквите додатоци можете да ги сошиете и вие самите.

Пробајте уште веднаш!

Објавено:
22 февруари 2014
Категорија: 
Тренд