Дали е ова најубавиот пролетен излог во светот?

26 март 2014

Грчката дизајнерка со лондонска адреса Мери Катранзу очигледно е најголемата вљубеничка во пролетта.

Покрај тоа што сите парчиња од нејзината пролет/лето 2014 колекција се олицетворение на прекрасниот процес на цветањето на црешите, во ист стил таа го креираше и излогот во една од ланецот продавници на брендот „The Room Hudson Bay“ во Торонто.

Токму таму, може да се најдат сите нејзини парчиња од пролетната колекција за кои веруваме дека ќе има многу голем интерес.

Триесет и едногодишната Мери Катранзу дефинитивно е една од омилените дизајнерки на денешницата. Откако нејзиното прво поголемо модно шоу прикажано на Лондонската модна недела во 2008 беше и повеќе од успешно, таа е неуморна во создавањето на одлични нови дизајни.

Нејзините креации се обожавани насекаде низ светот од ѕвезди како Ана дело Русо, Лупита Нјонго, Кира Најтли, Даен Кругер, Мирослава Дума и уште многу други.

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Фото галерија