Омилената меѓу омилените – магичната пролет, ни дозволува да ги правиме најубавите комбинации на светот со парчиња совршени за ова годишно време.
Иако не можеме да се пофалиме со ултра сончево време како што би требало да биде во ова годишно доба, сепак имаме доволно можности од време на време да презентираме шик комбинации кои потсетуваат на неодоливото лето!
Во продолжение ги издвоивме најсоодветните пролетни комбинации со кои секој хороскопски знак ќе блесне во вистинско светло и ќе освојува оваа пролет!
Овен
Пролетва, девојките во знакот на овен ќе бидат полни со енергија и поради тоа постојано ќе сакаат да се истакнуваат со светли и енергични бои како на пример портокаловата со која ќе ја разбудат сета креативност во себе!
Бик
Оваа пролет одберете енергични бои со кои ќе оставите силен впечаток на работното место, а кај пријателите ќе предизвикате топлина и внимание што тие толку многу ќе го обожаваат!
Близнаци
Девојките во хороскопскиот знак близнаци пролетва ќе го обожаваат металик трендот преку кој ќе се обидат да направат баланс во животот што им беше толку многу потребен!
Рак
Парчињата со цветни мотиви се нешто без што нема да можете да излезете од дома. Истите од вас ќе ја извлечат сета креативност и позитивна енергија.
Лав
Како и досега, така и оваа пролет ќе се обидете да го истакнете лидерот во вас со класични костими кои што ќе покажат колку силна жена сте вие навистина!
Девица
Цветните трендови целосно ќе ве инспирираат оваа пролет и ќе го однесат вашиот и онака позитивен дух, на едно повисоко ниво.
Вага
Останете будна преку целата пролет со енергичните и топли пастелни бои како сината којашто за вас ќе претставува боја на комуникацијата!
Скорпија
Бела боја, цветни мотиви и пастелни бои се нешто на што нема да одолеете оваа пролет и нешто со што ќе постигнете целосна хармонија!
Стрелец
Розовите нијанси се супер тренди оваа пролет. Носете фустани кои што на супер начин ќе ја истакнат вашата фигура и никако не изоставајте ги потпетиците и белиот накит.
Јарец
Разбудете ја креативноста во вас и изненадете позитивно со нешто апсолутно експериментално. Носете чевли со интересни мотиви и не заборавајте го принтот!
Водолија
Оваа пролет, како што и му доликува на вашиот знак, носете светли бои со кои ќе се истакнете од топлата. Класичните и елегантни парчиња со по некој впечатлив моден додаток ќе бидат совршени!
Риби
Лежерните фустанчиња во нежни бои како на пример жолтата, во комбинација со металик парчиња се вистинскиот погодок за вас оваа пролет!