Расположени за плетена мода
•
8 мај 2023
Летниот период што следи е совршено време за испробување на нови трендови и креирање на интересни комбинации, од различни бои, материјали и дезени.
Тука некаде спаѓаат и плетените парчиња, а особено плетените фустани коишто имаат некаков посебен шарм.
Покрај фустаните имаме плетени маички, панталони, здолништа, цели комплети и секако модни додатоци.
Плетените парчиња, можат да се комбинираат со џинс, панталони, шорцеви, капчиња, сандали на платформа или рамни летни чевли, а плетениот фустан одлично би се сложил со плетен шешир.
Мала плетена, фото инспирација.
Фото: Pinterest