Во есенските колекции на high street брендовите тимот дизајнери смести сексапилни slip фустани по кои девојките полудеа сезонава.

Истите ќе ги најдете во сите можни бои и комбинации, а металик и розовите нијанси сепак се едни од најпосакуваните.

Токму фустаните во металик нијанса потсетуваат на ноќните забави од 90 – тите кога со истите нѐ запознаа Кејт Мос и Кортни Лав.

Подеднакво популарни се и фустаните во розова нијанса кои девојките сезонава сакаат да ги носат со едноставна бела маичка одоздола како една од омилените летни комбинации.

Во својата понуда H & M смести и класичен црн модел со апликации од тантела и еден вечерен фустан од сатен кој не можете, а да не го обожавате.

Зависно од пригодата, slip фустаните можете да ги комбинирате со рокерски чизми, едноставни балетанки, високи потпетици за секси изглед, рамни сандали со ремчиња и што уште не.

Доколку сѐ уште не сте си набавиле ваков фустан летово, тогаш сега е вистинското време за тоа.

 

Објавено:
29 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.868 пати