Шармантни летни аутфити за секој ден од август

30 јули 2020

Пред нас е август, долг, летен, топол месец. Независно дали неговите денови ќе ги поминете на одмор, покрај плажа, во планина или пак со стандардните секојдневни обврски, значајно е да посветите внимaние на изборот на облека, пред сè од аспект на нивната функционалност со оглед на високите температури.
Битно е облеката да биде во функција на вашиот имиџ, но исто толку битно е во неа да се чувствувате пријатно и да ѝ обезбедите прoстор на кожата да дише.

Предност секогаш имаат парчињата изработени од природни и лесни материјали како што се памукот и ленот, но не заборавајте и на модните додатоци кои покрај естетска имаат и значајна практична улога (особено тука мислиме на квалитетните очила за сонце, сламениот шешир или марамата за коса со кои ќе се заштитите од сончевте зраци).

Шарени, возбудливи, лелеави и урбани – во продолжение следува стилска инспирација за секој ден од август.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
30 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.539 пати