Широки лежерни фустани- тренди летен хит за оваа сезона

22 јули 2013

Ако мислевте дека овој модел на фустанчиња се заглавени некаде во 90-те, тогаш се лажете. Оваа летна сезона во вашиот гардеробер задолжително е да имате барем еден ваков фустан, кој ќе можете без промашување да го носите на различни начини и поинакви прилики. Единствено на што треба да внимавате е да не ги носите со превисоки потпетици, зашто овие  модели на фустани најмногу прилегаат со ниски еспадрили, сандали или балетанки. Високата потпетица ќе ја издолжи вашата нога, но сепак визуелното и трендот налага да ги комбинирате со по опуштени обувки. Во спој со некоја доминантна марама врзана интересно на вашата глава или врат, ќе постигнете шик летен изглед. Нашите предлози ги имате од фотографиите подолу.

Објавено:
22 јули 2013
Категорија: 
Тренд