Што да облечете денес?

22 февруари 2014

Бидејќи е викенд ви предлагаме дневна лежерна и романтична бохо комбинација во која ќе уживате во комфорот. Од вашиот плакар изберете миди здолниште со висок струк во цветен принт, надополнето со едноставна бела памучна маичка врз која ќе комбинирате џемпер во бежова нијанса на раскопчување. Од аксесоари одлично би се вклопиле кафени чизми до глуж со реси. Во зависност од принтот на здолништето што вие го имате, изберете ја бојата на аксесоари. Имајте убав ден!

Објавено:
22 февруари 2014
Категорија: 
Тренд