Што да облечете денес?

4 декември 2013

Оваа среда наш предлог е лежерна комбинација од здолниште во А крој со висок струк, бела едноставна блуза на раскопчување, долго палто независно дали во спортска или класична варијанта. Водечки нека ви бидат боите, а според тоа изберете го соодветното палто од гардероберот. Од аксесоари ставете  масивен војнички ремен, марама и чанта во маслинеста нијанса и рамни кафени чизми. Имајте убав ден!

Објавено:
4 декември 2013
Категорија: 
Тренд