Што да облечете денес?

14 ноември 2013

Овој четврток ви предлагаме комбинација за девојки кои преферираат лежерни секојдневни парчиња, но сепак доволно впечатливи и тренди. Бојс искинати фармерки надополнети со блуза на пруги, палто во војнички стил  и чизми во кафени или пастелни нијанси. Ова се парчиња што речиси секој ги поседува, затоа разбранувајте ја вашата креативност со тоа што на вас ќе остане изборот на останатите аксесоари . Шапката и чадорот се задолжителни, зашто дождот може во секој миг да ве изненади.

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Тренд