Што да облечете денес?

28 март 2014

Нашиот денешен предлог за сите девојки што од нивната секојдневна рутина ги прифаќаат модните сугестии на Fashionel, е урбана и храбра комбинација на тренди парчиња. Безвремената тексас јакна е парче од кое може да се направат милион комбинации, а токму од оваа како на фотографијата,  пробавме да ја споиме со впечатливо црно транспарентно здолниште со пократка основа од внатрешноста. Под палтото облечете некоја маичка или блуза со впечатлив принт, а целиот изглед освежете го со аксесоари во впечатлива златна и нијанса на жолто. Имајте убав ден!

Објавено:
28 март 2014
Категорија: 
Тренд