Што да облечете денес?

26 јули 2014

Драги наши девојки за овој продолжен викенд ви предлагаме романтична комбинација која можете да ја носите и преку ден, но и на вечерна забава. Истата е составена од тантелно кратко фустанче на прерамки во кремова нијанса, чиј струк е нагласен со тенок и едноставен ремен во кафена боја. Здолништето е во А-форма и нежно се лелеави по должината на вашата силуета. Бидејќи времето  е променливо со слаткото фустанче ве советуваме да искомбинирате тексасна јакна, чии ракави ќе ги завратите се до лакотот на раката за да добиете урбан и тренди изглед. Модните додатоци и деталите се исто така важен сегмент за целосно модерен стајлинг. Ѓердан и алка во златна боја во синџирест облик идеално би се вклопиле во целата комбинација. Овој аутфит одлично би се сложил со кафени чевли на висока потпетица и чанта во средна големина.

Уживајте во уште еден продолжен викенд!

Објавено:
26 јули 2014
Категорија: 
Тренд