Сабота во црвено
•
2 јули 2016
Со оглед на тоа дека е викенд, за денска одбравме една супер летна комбинација доколку вечерва планирате некаде да излезете со пријателите.
Црвено е секогаш добар избор за забава, а ова кусо црвено памучно фустанче со цветови ние го искомбиниравме со сандали и чанта во пудра боја.
Бидејќи вечерите се непредвидливи, доколку сакате можете да додадете и тексасна кошула, која ќе ја врзете околу половината, како што тоа го правевме во 1990-тите.
Ако сте љубител на накит, комбинацијата можете да ја наподолните со впечатлив ѓердан или обетки и алка. Изборот е ваш.
Во секој случај, со себе земете го доброто расположение и забавувајте се!