Што да облечете денес?

26 јануари 2015

Овој понеделник започнете го со тренди комбинација што неодоливо потсетува на омилените училишни денови.

Денеска одберете црно кусо здолниште со фалти во А – крој и комбинирајте го со бела кошулка и плетено сиво џемперче.

Комбинацијата надополнете ја со црни кожени чизмички до глужд како едно од омилените ИТ парчиња за сезонава и мала кожена чантичка.

Со оглед на тоа што комбинацијата сама по себе е богата, единствено одберете часовник што нема да ви дозволи да задоцните никаде во текот на денот.

Изборот на основното зимско парче – капутот, го оставаме на вашата фантазија во која секогаш веруваме!

Со шолја кафе и дневен весник, започнете го првиот ден од претпоследната недела од најдолгиот месец во годината.

Објавено:
26 јануари 2015
Категорија: 
Тренд