Што да облечете денес?

2 февруари 2015

Овој понеделник започнете го во одлична рок комбинација! Од вашиот плакар одберете ги црните тесни фармерки и комбинирајте ги со широка кошула што одлично ќе се вклопи во денешниот стајлинг.

Со оглед на тоа што утрово не дочека сончево и не толку студено време, сега е одличен момент да ја извадите и рокерската кожена јакна од вашиот плакар.

Комбинацијата надополнете ја со стилско плетено капче во темна боја и црни чизми до глужд. Волуменозната чанта што неодоливо наликува на вашата училишна, денеска е полн погодок!

Уживајте во сончевиот понеделник!

Објавено:
2 февруари 2015
Категорија: 
Тренд