Што да облечете денес?

7 февруари 2015

Ова утро пркосете му на времето и одберете комбинација во нежни и шармантни бои што се целосно спротивни на надворешните услови. Одберете кусо здолниште во нежна беж боја и тексас кошула што одлично се вклопува со ваквите бои.

 

Одозгора, изгледот надополнете го со тренди крзно во омбре нијанса на бела и крем боја. Иако можеби времето не е многу погодно за вашите омилени оксвордки, ако не планирате да се движите многу, сепак одлучете се за едни такви.

Доколку денешниот ден го планирате пак за прошетка низ градот, тогаш гумените чизми се задолжително парче. Марамата со животински принт совршено ќе ја заокружи денешната шик комбинација.

Објавено:
7 февруари 2015
Категорија: 
Тренд