Што да облечете денес?

12 февруари 2015

Конечно ведро и сончево време. Иако студено, сепак примамливо за кафе и прошетки. Затоа денеска облечете ја вашата омилена рокерска комбинација и задолжително ставете очила за сонце. Црниот плетен џемпер  спојте го со тесни црни панталони и високи чизми.

Целата монохороматска комбинација разиграјте ја со топол плетен шал во темно црвена боја. Така ќе може подолго да уживате на се уште зимските температури. И задолжително со себе понесете ја црната чантичка со тенка прерамка за преку рамо. Тотално кул девојка за урбан и сончев четврток.

Објавено:
12 февруари 2015
Категорија: 
Тренд