Што да облечете денес?

19 февруари 2015

Овој сончев ден одберете прекрасна комбинација со неколку земјени бои што се вистински погодок за денеска. Носиме црни тесни панталони во комбинација со лежерен темно син џемпер со кафени делови на ракавите. На денешниот изглед совршено ќе се вклопат и овие кафени мартинки што никогаш нема да излезат од мода. Во однос на модните додатоци, одберете шапка во крем нијанса и часовник во иста боја како чизмите. Со оглед на тоа што времето сѐ уште е студено, капутот во кафена нијанса денеска ќе ви заврши одлична работа!

Уживајте во претпоследниот ден од работната недела!

Објавено:
19 февруари 2015
Категорија: 
Тренд