Што да облечете денес?

30 април 2015

Последниот ден од продолжениот викенд поминете го во лежерно издание што и да правите! Денеска носиме тесни панталони во кафена нијанса и ги комбинираме со тексас кошула која ја врзавме во предниот дел за шик изглед. Што се однесува до чевлите, одберете ги вашите најудобни еспадрили во сина боја што совршено ќе се вклопат во комбинацијата. Денеска и деталите се во кафена боја, па така носиме часовник, ранче и шапка во кафена нијанса и уживаме во денот!

Објавено:
30 април 2015
Категорија: 
Тренд