Што да облечете денес?

4 мај 2015

Овој понеделник по продолжениот викенд поминете го во супер лежерна комбинација составена од сини тесни панталони и неодолива маичка во пруги. Комбинацијата истакнете ја со пролетно колоритно ланче што одлично ќе се вклопи во денешниот стајлинг. Денеска носиме и црни балетанки со златни детали во предниот дел и волуменозна чанта во крем боја.

Имајте успешен почеток на работната недела!

 

Објавено:
4 мај 2015
Категорија: 
Тренд