Што да облечете денес?

4 март 2015

Денешната комбинација е вистинско олицетворение на пролетта! Носиме бело фустанче со сладок, минимален дезен и го комбинираме со сино елегантно палто совршено за ова време. Нагласете ја половината со тренди кафен ремен, а за уште пошик изглед одберете и колоритна марама што целосно ќе го разигра вашиот изглед. Што се однесува до чевлите, денеска носиме сини потпетици, додека чантата е тренди и бела. Денеска задолжителни се и очилата за сонце, додека впечатливиот ѓердан избор на вашата имагинација!

Имајте среќна и сончева среда!

Објавено:
4 март 2015
Категорија: 
Тренд