Тренд аларм: Урбан рок џентлмен!
•
3 февруари 2015
Драги наши момци, денеска денот целосно ви го посветуваме вам! Ви предлагаме една сосема минималистичка, рок комбинација со која сме убедени дека ќе освоите многу девојки низ градот.
Одберете тесни фармерки во темна боја и комбинирајте ги со неодоливи рок чизми што совршено ќе се вклопат во вашиот денешен изглед.
Комбинацијата нагласете ја со оваа шик рок кожена јакна во темно кафена боја, во која ви гарантираме дека девојките се секогаш вљубени.
Изгледот надополнете го со тренди тексас кошула што денеска единствено ви е потребна за да ја освежи и разигра целата комбинација со потемни бои.
За крај, не заборавајте каде и да одите да ја понесете со вас насмевката и шармот во кој ние секогаш веруваме!