Што да облечете денес?

7 март 2015

Иако мислевме дека конечно доаѓа пролет и ќе се ослободиме од капутите и зимските јакни, утрово нѐ дочека снег во повеќето градови низ земјава. Денеска повторно од плакарот извадете го топлото карирано капутче кое задолжително мора да го комбинирате со потопли парчиња со оглед на ниските температури. Носиме темно сини панталони и ги комбинираме со слатка кошула со точки и црвено топло џемперче одозгора. Што се однесува до обувките, повторно мора да им се вратиме на чизмите што ќе не заштитат од снегот и студот. Овие црни чизмички до глужд комбинирајте ги со чанта во истата боја, а со оглед на тоа што комбинацијата сама по себе е богата, накитот денеска не ви е потребен.

Имајте прекрасна и исполнета сабота!

Објавено:
7 март 2015
Категорија: 
Тренд