Што да облечете денес?

21 март 2015

Бидејќи утрово се разбудивме со прекрасно сонце во нашиот град, време е за вистинска пролетна комбинација! Носиме бело лежерно фустанче и го комбинираме со тексас палтото што толку долго чекавме да го облечеме. Денеска сме пастелни девојки, па така одберете модни додатоци во свежи и топли бои. Комбинацијата надополнете ја со розови оксвордки и чанта во сина нијанса со цветови по целата површина. За секој случај, денеска со вас понесете и топла марама доколку сонцето наскоро планира да се сокрие. Носиме и бохо алка во многу бои и шик ѓердан што одлично ќе се вклопи во целата комбинација.

Имајте убава сончева сабота!

Објавено:
21 март 2015
Категорија: 
Тренд