Што да облечете денес?

4 ноември 2013

За сите девојќи и дами кои преферираат романтичен изглед, оваа комбинација сигурно ќе најде своја примена во нивното секојдневие. Пред се бидејќи е практична за есенските денови, а покрај тоа е и многу впечатлива. Точкастиот мантил и чадорот во иста таква варијанта можат да се комбинираат преку ден со светли фармерки, а навечер може да изберете здолниште во пастелна боја. Она што е особено интересно во нашата денешна предлог комбинација, се гумените чизми до глужд кои изгледаат симпатично, апсолутно се тренди, меѓутоа мора да внимавате во изборот на ваков тип на чизми бидејќи се специфични и не се вклопуваат во сечиј стил.

Објавено:
4 ноември 2013
Категорија: 
Тренд