Што да облечете денес?

12 мај 2015

Драги девојки, на вториот ден од работната недела сме бохо кралици! Утрово се разбудивме со повисоки температури, па токму тоа е повод да одбереме колоритна бохо маичка со интересен дезен. Ја комбинираме со тесни фармерки и кафени еспадрили со врвки. Комбинацијата надополнете ја со интересна чантичка во вид на ранче и секако, очила за сонце и слатки обетки во вид на пердув.

Уживајте во сончевиот вторник!

Објавено:
12 мај 2015
Категорија: 
Тренд