Што да облечете денес?
•
14 мај 2015
Откако ќе се расоните и ќе го испиете утринското кафе, време е да се подготвите да го зграпчите денот. Денеска сме романтично расположени, па токму затоа ви предлагаме еден таков. Фустанче со детали од тантела и оксфордки се нашата добитна комбинација. Бидејќи под сенка е се' уште свежо, наметка во кремава нијанса ќе ви биде добредојдена, а чанта во таква нијанса за преку рамо добар моден и практичен избор.
Доколку фотографирањето ви е хоби, тогаш не излегувајте без да го земете фотоапаратот со себе.
Искористете го сончевиот ден на вистински начин!