Топли и комфорни комбинации со омиленото зимско парче- кардиган

27 октомври 2014

Зарем постои некое друго парче за студените денови што е попрактично од плетениот кардиган? Плетивата се водечка инспирација за тековната сезона и без нив ретко ги комплетираме барем дневните стајлинзи. Таа инспиративност се сведува на плејада можни комбинации, најчесто слоевити, но и романтични, формални и шик-урбани.

Доволно е да ги погледнете во поставените фотографии во продолжение и да почнете да прегледувате во гардероберот како да комбинирате нешто поразлично што не сте го носеле досега.

 

Кардиганот изгледа сјајно целосно закопчан и под волуменозен капут, практичен и романтичен е  во спој со романтично фустанче во пастелна нијанса, идеален со кожените панталони во спој со топ и го имате добитниот шик-урбан стајлнг.

 

Идеите ги има во изобилие, а покрај содржината сигурно ќе ви помогнат и изгледите на девојките од фотографиите.

 

 

Објавено:
27 октомври 2014
Категорија: 
Направи сам