Одличен избор на плетени фустани од новите колекции на „high street“ брендовите

4 октомври 2018

Плетениот фустан е нашиот „мал црн фустан" во зима. Совршена варијанта е кога ќе се спојат функционалноста и естетиката, а плетениот фустан е идеален пример за такво модно парче.

Оваа сезона речиси сите „high street" брендови имаат свои различни верзии на ова безвремеско зимско парче, па според тоа изборот е неодолив.

Повторно се актуелни плетените фустани во суптилен А крој со нагласена половина, како и оние со голи рамена со карнери и фустаните на закопчување.

Уште една причина за нивната популарност е тоа што лесно се комбинираат во различен изглед – подеднакво шик изгледа плетениот фустан комбиниран и со патики и со високи потпетици.

Издвојуваме од актуелната понуда на комерцијалните брендови, како и интересни комбинации со плетени фустани во уличната мода.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
4 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
617 пати