Што да облечете денес?

12 јуни 2015

Овој прекрасен петок нека биде уште позабавен одошто е! Денеска носиме разиграно здолниште со принт во зелена боја и го комбинираме со куса маичка во сива боја. Овој петок сѐ е во додатоците, па така одберете повеќе ланчиња што дополнително ќе ви ја истакнат комбинацијата, но и прстенчиња што совршено ќе се вклопат. Чантата и сандалите денеска се во крем нијанса, а очилата за сонце тотално хипи!

Уживајте во последниот ден од работната недела!

Објавено:
12 јуни 2015
Категорија: 
Тренд