Што да облечете денес?

20 јуни 2015

Screen Shot 2014-05-14 at 12.43.00

Оваа сабота бидете ретро девојка. Фустанчето со сино-бели риги е идеално за опуштено викенд дружење. Во него нема да изгледате ниту премногу обично, ниту премногу дотерано, па така, ќе можете да се вклопите речиси секаде каде што има добро расположение и атмосфера.

Црната шапка ќе ви даде шик изглед, а црните сандалчиња ќе ви бидат сигурен и удобен избор.

Плетена чанта и ретро часовник одлично ќе се вклопат во оваа лежерна комбинација. Очила со мачкеста рамка се секогаш добар и тренди избор.

Имајте опуштен викенд!

Објавено:
20 јуни 2015
Категорија: 
Тренд