Што да облечете денес?

23 ноември 2013

Овој викенд ви предлагаме комбинација која е лесно адаптибилна како за дневен така и за вечерен изглед. Изборот овој пат го ставаме на интересен фустан во боја на жолто есенско лисје со нагласена половина и должина до колена. Врз него облечете го црниот капут со иста должина колку и фустанот. Хулахопките нека бидат грилонки во црна боја, за да може да се потенцира фустанот, а и да соодвествуваат со чизмичките до глужд со отворени прсти. За преку ден можете да понесете поголема чанта, додека ако одберете вака да изгледате вечерва тогаш понесете плик или клач чанта како од фотографијата.

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Тренд