Одат ли хулахопки и сандали заедно?

29 октомври 2013

60868639-jelena-veljaca-hulahopke-sandale-trend

Во последно време се поактуелен е трендот на носење хулахопки со сандали во есенските денови. Првин за ова да го носите потребни ви се темни, густи грилонки ( може и да се во разни бои, но важно е да не се тенки) и сандали во темна боја. Исто така, не секој знае да го совлада овој тренд.

Во продолжение ви посочуваме неколку насоки за тоа како можете да ги комбинирате.

1.Грилонките се комбинираат исклучиво со пларформи на ретро модели, при што треба да се внимава боите да бидат ускладени. Идеално е ако чевлите се во идентична нијанса како и хулахопките.

2. Црната грилонка е сигурен избор со кој тешко ќе згрешите, додека оние похрабрите помодарки ќе бидат успешни и во комбинирањето на бела хулахопка, за комплетен ретро впечаток.

3.Недостатокот во комбинацијата на светла нијанса на хулахопка е изледот на ногата. Факт е дека хулахпките во боја ги прават листовите подебели и создаваат ефект на подебели нозе. Затоа, внимавајте.

60868668-kate-moss-hulahopke

4.Грилонки и сандали најдобро е да се комбинираат со должина на здолништа и фустани до средината на бутините, а доколку имате долги нозе, тогаш соодветна должина би била под колена.

5. Ако не сте уверени во успехот на своите комбинации, тогаш не експериментирајте со овој тренд. Или тоа направете го тоа со чевли што се само отворени во пределот на прстот. А ако сакате да ги задржите летните сандали во студените месеци, тогаш добро решение се иновативните хулахопки без прсти во боја на кожа.

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Тренд